Фудбал
Икарди во Јуве, Игуаин во Интер
Не е тајна дека Јувентус сакаше за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на капитенот на Интер, Мауро Икарди. “Старата дама” сакаше да го изведе истиот трик кој го употреби при трансферот на Гонзало Игуаин, кога ја активираше ослободителната клаузула и за 90 мил. евра го ангажираше напаѓачот на Наполи.

Сопругата на Икарди, Ванда Нара, откри дека малку фалело за реализација на спектакуларниот трансфер.
- Интер сакаше да го продаде Мауро на Јувентус, но Мауро беше тој кој даде негативен одговор. Сакаше да остане во Милано. Моментално сме многу далеку кога е во прашање новиот договор со Интер. Ме изнервира се тоа што беше напишано во изминатите неколку дена. Никој не ме праша за мислење. Не постои понуда од страна на Интер. Ние прво треба да седнеме на преговарачката маса. Икарди е играч за чии квалитети нема дискусија. Мора да добие нов договор, изјави Нара.
“Нероазурите” доживеаа сериозен финансиски удар откако клубот не обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони и затоа се ставени во мирување преговорите околу новиот договор.