Connect with us

Фудбал

Нов стадион за градските ривали

Градските ривали од италијанската Серија А, Милан и Интер планираат да градат нов стадион.
Двата клуба од Милано ќе ги здружат силите, но не само во најавената реконструкција на “Сан Сиро“, туку и заедничката амбиција да изградат нов модерен стадион.

За време на божикната прослава, претседателот на седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, Паоло Скарони, потврди дека градските ривали сакаат да изградат нов стадион кој заедно ќе го користат.

  • Ги претставувам сопствениците на клубот, кои инвестираа многу пари и работат на новиот стадион во Милано. Планираме да изградиме нов стадион со Интер. Ние не ја започнавме новата сезона на најдобар можен начин, но сме четврти на првенствената табела и тоа е најважно. Ние сакаме Милан да се врати во Лигата на шампионите. Важно е да го задржиме четвртото место, изјави Скарони.

Италијанските медиуми открија дека двата клуба сакаат да изградат стадион кој ќе биде со капаците за 50.000 гледачи и кој треба да биде во функција од сезоната 2021/2022.