Фудбал
“Волчицата” го мерка Ван Анхолд
Холандскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас, Патрик ван Анхолд, најверојатно ќе биде првата зимска аквизиција на италијанскиот калчолигаш Рома.

Римската “волчица” е во потрага по нов дефанзивец, а деталната анализа покажа дека Ван Анхолд е идеално решение за централната дефанзивна позиција.
Големата желба на италијанскиот клуб може да стане реалност за време на зимскиот преоден рок само доколку официјалната понуда за холандскиот интернационалец не биде помала од 25 мил. фунти.