Фудбал
Толку од Давид Луиз
Англиските медиуми ја пласираа информацијата дека бразилскиот интернационалец од редовите на Челзи, Давид Луиз, ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Причината за заминување на Луиз е политиката на клубот да не потпишува договори подолги од една година со играчи кои наполниле 30 години. Менаџерот на лондонските “сини”, Маурицио Сурри, се обиде да го убеди клубот да ја промени стратегијата и да го задржи Луиз, но менаџментот не се согласи.
Кога е во прашање актуелната сезона, Луиз веќе одигра 21 натпревар за „сините“, на кои постигна еден погодок.