Connect with us

Фудбал

Убиен еден навивач на Интер

Пред и за време на дерби пресметката на “Џузепе Меаца”, се случија неколку физички пресметки меѓу навивачите на Интер и на Наполи. Како што објави „Фудбал Италија“ четворица навивачи на Наполи се прободени со нож, а италијанските медиуми потврдија дека еден навивач им подлегнал на повредите.

Четириесет и тригодишен навивач бил хоспитализиран со убоди на рани во стомакот, додека останатите тројца поминале со полесни повреди. Во исто време, додека траеле судири низ улиците на Милано, еден навивач на Интер бил удрен од автомобил. Според извештаите на медиумите, тој се здобил со сериозни повреди и е хоспитализиран. Натпреварот заврши со победа на Интер од 1:0, а “азурите” дуелот го завршија со 9 фудбалери.