Connect with us

Фудбал

Салах се закани, или јас или тој

Израелскиот Ерусалим Пост ја пласираше информацијата дека најдобриот фудбалер во дресот на Ливерпул, Мохамед Салах, ги информирал клупските челници дека веднаш ќе си замине од “Енфилд”, доколку англискиот премиерлигаш ги осигура услугите на израелскиот интернационалец од редовите на австриски Салцбург, Моанес Дабоур.

Египет има одмазднички однос со Израел, со кој има водено и војна, а поради политички и верски причини, Салах не сака да ја дели соблекувалната со израелскиот интернационалец.

Ливерпул веќе подолг период е во потрага по адекватна замена за Бразилецот Фирмино, а скаутите на “црвените”, со посебно внимание го следат Дабоур, кој на одиграните 30 натпревари во актуелната сезона постигна 20 погодоци.

Клупските челници биле фасцинирани од играта на Израелецот и решија да седнат на преговарачката маса. Откако биле договорени сите детали од трансферот, Салах се заканил дека веднаш ќе си замине доколку Дабоур се пресели на “Енфилд”.

Салах и во минатото одбиваше да се ракува со играчите од Израел. Додека го носеше дресот на Базел, напаѓачот одби да се поздрави со играчите на Макаби. Моанес Дабоур е роден во Назарет, но е муслиман со арапско потекло.