Connect with us

Фудбал

Гвардиола откри кој ќе биде шампион на Англија

Манчестер Сити доживеа уште еден сериозен удар кога е во прашање борбата за шампионската титула во Премиер лигата. Бранителот на тронот го запиша и вториот пораз во низа откако четата на Пеп Гвардиола доживеа минимален пораз на гостувањето во Лестер (2:1). “Граѓаните” паднаа на третата позиција и сега имаат седум бода помалку во споредба со лидерот Ливерпул и еден помалку од второпласираниот Тотенхем.

  • Мора да се фокусираме само на дуелот против Саутемптон. Ќе мора да бидеме скромни и напорно да работиме за секој бод. Нема лесен натпревар. Изминатата сезона се делуваше многу лесно, но не беше така. Убеден сум дека ќе се извлечиме од оваа ситуација и ќе се вратиме на врвот, изјави Гвардиола.

Трофејниот шпански стручњак вината за кризата ја лоцира и во повредата на бразилскиот интернационалец, Фернандињо.

  • Имаме уште пола сезона пред нас, сфесни сме дека загубивме неколку натпревари. Мора да ја прифатиме моменталната ситуација и фактот дека некои тимови се подобри од нас. Треба веднаш да најдеме решение за повредата на Фернандињо. Гундоган одигра добро, особено кога ја имаше топката, но многу ни недостасува Фернандињо, додаде Гвардиола.

Според англиските медиуми, клучна треба да биде меѓусебната пресметка помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, која е закажана за 3. јануари.