Connect with us

Други спортови

Браун: Верстапен ќе има голема улога во Ф1 следната деценија

Спортскиот директор во Формулка 1, Рос Браун, искажа пофални зборови за пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен.

– Следната сезона ќе биде пресвртница за Формула 1. Макс Верстапен ќе игра голема улога. Холанѓанецот имаше одлична година, особено во вториот дел од минатата сезона кога само Хамилтон освои повеќе поени од него.

На 21 година тој веќе тестиран како ветеран, покажувајќи невиден талент и потврдува дека ќе биде еден од протагонистите во следната деценија во Формула 1.

– Но, него му треба да оди чекор понатаму во врска со психологијата, со цел да се избегнат непотребни грешки и да ги контролира своите емоции. Во борбата за титулата тој треба да расудува со студена глава, вели Рос Браун.

Изминатата сезона Верстапен ја заврши на четвртото место во Генералниот пласман со 249 бода.