Фудбал
ФОТО: Елиф Елмас меѓу највредните фудбалери во турската Суперлига
Одличните игри сезонава во дресот на Фенербахче го сместија Елиф Елмас помеѓу највредните фудбалери во турската Суперлига. Според престижниот портал „Трансфермаркт“, македонскиот репрезентативец се наоѓа во идеалниот тим на првенството, ако се земе во предвид пазарната цена на фудбалерот.
Според „Трансфермаркт“, Елмас моментално на фудбалскиот пазар вреди 7,5 милиони евра и е во друштво на ѕвезди од калибарот на Ислам Слимани, Адем Љајиќ, Домагој Вида и Лорис Кариус.

SPORT1.MK