Фудбал
Вејн Руни сместен зад решетки
Поранешниот капитен на англиската репрезентација, Вејн Руни на крајот од минатата година бил уапсен поради пијанство на јавно место во Вашингтон. Англичанецот бил приведен од обезбедувањето на аеродромот во главниот град на САД и на лице место морал да плати казна од 25 долари заради испадот и дополнително 91 долар на име трошоци.

Руни бил приведен и една ноќ минал зад решетки. Целата приказна умешно била сокриена, но по сведоштвата и официјалната изјава на потпаролот на полицијата на Вашингтон, приказната стана сензација низ британските медиуми.
Клубот во кој што веќе втора сезона настапува Руни, ДЦ Јунајтед не демантираше, но објави соопштение во кое што побара приватните детали од животот на професионалниците на клубот да не бидат откривани во јавност.
Ова не е прв случај поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер Јунајтед да има проблеми со законот, но ваква бламажа славниот Англичанец не памети.