Фудбал
Шкендија сака да го грабне најголемиот косовски талент
Тетовска Шкендија четири дена по стартот на подготовките сè уште е тивка на трансфер-пазарот за зимски засилувања, а во новата година засега единствено што направи е што го задржа голманот Костадин Захов во своите редови.
Но, тетовци очигледно многу повеќе внимание на почеток ставаат на ангажман на регионални таленти, кои би требало да пораснат во идни ѕвезди на тимот, па медиуми на албански јазик објавија, дека по секоја цена црвено-црните сакаат да го ангажираат Диелор Бесени, кој има само 16 години.
Бесени важи за најголемиот талент на Косово, кој моментно е член на Призрен, но е дел од младинската селекција на Албанија до 17 години. Тој веќе тренира со првиот тим на косовскиот клуб, иако е сè уште не полнолетен, што покажува дека се работи за исклучителен талент.
Сега Шкендија наводно сака да го купи и со тоа да има играч кој за две години би можел да биде и првотимец, како што беше случајот со Енис Фазлагиќ, кој летоска беше продаден на Жилина.
SPORT1.MK