Фудбал
Неморална понуда за Кулибали
На последниот состанок кој го имал со клупските челници, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер, бил информиран дека клубот подготвува нова неморална понуда за стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калиду Кулибали.

Интернационалецот од Сенегал е дефиниран како идеална опција за централната дефанзивна позиција и како совршена замена за Крис Смолинг. Во следните неколку дена “црвените ѓаволи” ќе испратат официјална понуда која нема да биде помала од 100 мил. фунти.