Други спортови
Познати термините за трките во новата сезона
Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) ги откри термините на трките кои ќе бидат дел од новата Формула 1 сезона.
Единствената промена ќе биде почетокот на трката за ГН на Франција, која ќе започне еден час порано во однос на минатата година. Новата сезона ќе ја донесе и трката број 1.000 во историјата на натпреварувањето, која ќе се одржи на патеката во Кина.
Луис Хамилтон ќе ја брани титулата меѓу пилотите, а Мерцедес ќе биде главен фаворит во трката за најдобра екипа.
Сезоната ќе започне на 17 март во Австралија, а ќе заврши со трката во Абу Даби на 1 декември.