Connect with us

Фудбал

Клоп: Треба да потрошиме колку другите за да бидеме конкурентни

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека Ливерпул мора да потроши толку пари колку неговите конкуренти за да може да продолжи да се бори против најдобрите тимови во Англија и во Европа.

Минатото лето, тимот од Мерсисајд плати над 170 милиони фунти за нови играчи, а потоа забележа многу силна сезона во која ја освои Лигата на шампионите и заврши на второто место во Премиер лигата.

„Кога бев во Германија, Баерн имаше неограничени средства, нешто како 100 милиони евра. Сега толку вреди централен дефанзивец. На денешниот пазар можеш да купиш само еден играч со тие пари, а тоа не ја вклучува неговата плата. Но јас стојам зад она што го реков (по трансферот на Пол Пол во Манчестер Јунајтед, Клоп рече дека другите клубови може да трошат многу пари за да привлечат врвни играчи, но тој претпочита да ги прави работите на поинаков начин.) Може беше грешка во преводот. Моја гледна точка беше дека ако стигнам до ниво каде што фудбалот е само пари, јас ќе заминам. Јас се уште го чувствувам истото, Ливерпул е амбициозен клуб, и ако ние не трошиме иста сума пари како другите, нема да имаме можност да се натпреваруваме со нив. Сите трошат пари, па ние треба да го сториме истото“, рече Клоп.