Други спортови
Солскјер потврди две нови заминувања од Манчестер Јунајтед
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со Саутемптон зборуваше и за можните нови заминувања од клубот.
Откако вчера Алексис Санчез и официјално стана нов фудбалер на Интер, денес се очекува уште двајца фудбалери да си заминат од клубот. Имено, Матео Дармијан и Крис Смолинг се на пат кон Италија каде треба да потпишат договори со Парма, односно Рома.
– Верувам дека Матео ќе си замине. Има одреден интерес за него од Италија. Смолинг во моментов е во авион и тој ќе ужива во новото искуство таму. Не многу англиски фудбалери играле во Италија и сигурен сум дека ќе се врати многу посилен и подобар за нашиот тим, -истакна Солскјер.