Connect with us

Други спортови

Спировски потпиша за Хапоел Тел Авив

Како што пренесуваат израелските медиуми Стефан Спировски утрово ги минал лекарските прегледи после што ќе стави потпис на договор со Хапоел Тел Авив.

Спировски се очекува да потпише договор на две години во кој ќе заработи 315.000 евра. Во првата година ќе добие 150.000 евра додека во втората 165.000 евра.

За еден од нашите најдобри играчи во средината на теренот ова ќе биде ново интернационално искуство. Претходен клуб на Спировски беше унгарски Френцварош со кој стигна до титулата во Унгарија.

Во вчерашниот наш натпревар против Израел Спировски помина десетина минути на теренот.

Извор: Нетпрес