Фудбал
Не дојдов во Барса поради трофеите
Во последното интервју кое го даде за UEFA TV, францускиот интернационалец Антоан Гризман ја откри главната причина поради која си заминал од редовите на Атлетико (М) и ја прифатил понудата на каталонскиот гигант Барселона.
Брзоногиот напаѓач беше купен за 120 мил. евра, а Гризман откри дека не се преселил на „Ноу Камп“, поради можноста да освои многу трофеии.
- Не си заминав поради Лигата на шампиони или поради амбицијата да освојам што е можно повеќе трофеии. Си заминав затоа што сакав да пробам нов стил на игра, нова филозофија, нов тимски стил во некој друг клуб, откри Гризман.
Поранешниот фудбалер на Реал од Сосиедад и на Атлетико (М) призна дека се уште поминува низ процесот на адаптација и затоа не игра на највисокото можно ниво.
- Морам да се адаптирам на новата позиција затоа што само така подобро ќе ги разберам моите тимски колеги. Се што не ги знам во целост движењата на Луис Суарез и на Лионел Меси. Јас сум срамежливо момче, не разговарам многу со останатите играчи, но се ќе дојде на своето место. Почнав подобро да се разбирам со Суарез и со Меси, додаде Французинот.
Кога е во прашање актуелната сезона, Гризман има одиграно 14 натпревари во дресот на Барселона и има постигнато 5 погодоци.
Вечер