Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бензема ја шокира храбрата Валенсија – инфарк-завршница на „Местаља“

Бензема донесе инфаркт завршница на вечерашниот натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид.

Ова е втора година по ред како Реал не успева да ја надигра Валенсија. Вечерва во последните момент успеаа да се спасат од пораз. Сепак успеа да се врати на челната позиција на табелата, каде стои Барселона, следниот противник на „кралевите“ во Примера.

Во првиот дел од натпреварот залудни беа обидите на Тони Крос, Родриго и Лука Модриќ. Ги спречи домашниот голман Хуаме Доменех, кој имаше доста работа во првите 45 минути од натпреварот.

Реал не се откажа и до последните моменти напаѓаше, а Лука Јовиќ постигна погодок за 1-1, но судиите реагираа поради очигледната офсајд позиција и ги растажија „кралевите“. Сепак, тука не беше крајот, бидејќи последниот обид од корнер гостинската екипа го искористи. Куртоа скокна највисоко, а во гужвата Бензема реализира за конечно реми.