Connect with us

Фудбал

ФФМ: Прекин на првенството е последно можно решение, најрано старт на 7-ми јуни

Фудбалската федерација на Македонија сериозно работи на подготовка на планот за тоа како би се доиграло националното првенство.

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини во изјава за официјалниот сајт на Федерацијата вели дека прекин на првенството е последно можно решение, откако ниту една алтернатива не би овозможила да се заврши календарот за натпреварувчката сезона во машката фудбалска лига.

Неофицијално продолжението на сезоната треба да стартува на 7 јуни, прв и најран термин во плановите на ФФМ доколку вонредната состојба во државата заврши на 16 мај.

Клубовите претходно би имале 20-тина дена за подготовки, а натпреварите би се играле со набиен распоред среда – недела. Покрај 13-те првенствени кола, треба да се одиграат и полуфиналињата во Купот, како и финалниот меч, а тоа би значело полни осум недели фудбал.

Со вакво темпо сезоната би завршила на крајот на јули или почетокот на август.