Connect with us

Фудбал

Мак-фудбалот продолжува во јуни, тренинзи дозволени од средината на мај?

Фудбалската федерација на Македонија најави дека наскоро ќе излезе со план за доигрување на сезоната, доколку Владата и институциите дадат „зелено светло“ за тоа. Имено, според информациите на Gol.mk, Првата и двете Втори лиги ќе продолжат во втората недела од јуни, со доигрување на преостанатите кола по забрзан систем и многу вонредни кола. Исто така се планира и одигрување на завршницата на Купот на Македонија, каде преостанаа полуфиналните двомеч дуели и големото финале.

Извор: Gol.mk