Connect with us

Други спортови

Повторно е одложен Ролан Гарос, причината УС Опен

„Ролан Гарос“ повторно го смени терминот на одржување заради пандемијата од коронавирусот.  Организаторите на Раолан Гарос решиле дополнително да го одложат почетокот на турнирот, објави „Ле Парисиен“. Поради коронавирусот почетокот на Роланд Гарос најпрвин е одложен за 20 септември.

Наместо на 20 септември, како што првично беше најавено, Отвореното првенство во Франција ќе започне седум дена подоцна, односно на 27 септември и ќе трае до 11 октомри.

Причината за новиот датум е фактот што тенисерите би имале само една недела пауза помеѓу двата Грен слема, затоа што претходно Отвореното првенство во САД би завршило на 13 септември.