Фудбал
Каква е и од што зависи иднината на Модриќ во Реал Мадрид?
Шпанските медиуми открија дека Герет Бејл и Хамес Родригез, нема да бидат единствените ѕвезди кои ќе ги напуштат редовите на Реал (М), за време на летниот преоден рок.
Првата голема аквизија може да биде освојувачот на Златната топка за 2018 година, Лука Модриќ, известуваат англиските медиуми. На искусниот играч за врска на Реал Мадрид му истекува договорот во летото 2021 година, но атак по неговиот потпис може да се случи во првата прилика кога ќе се отвори фудбалскиот пазар.
Марка пишува дека нема место за Модриќ следната сеозна во тимот на Реал, клубот од Мадрид планира да го врати младиот Норвежанец Мартин Одегард.
На анкетата спореведена од Марка меѓу навивачите на Реал Мадрид одговорот беше јасен, Модриќ заминува, Одегард се враќа.
Репрезентативецот на Бразил веќе има добиено примамлива понуда од калчо гигантот Јувентус, додека Модриќ најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата.