Connect with us

Фудбал

#СедиДома мини-интервју со Али Адем

1. Фудбалер идол?
– Лука Модриќ.

2. Најдобар фудбалер против кого имаш играно?
– Калум Хадсон-Одои.

3. Што мислиш за фудбалот од порано, кој постар фудбалер ти оставил најдобар впечаток?
– Мислам дека фудбалот порано бил многу подобар. Од постарите фудбалери, најголем впечаток ми има оставено Андреа Пирло.

4. Незаборавен момент во твојата кариера?
– Сум имал повеќе незаборавни моменти, но како најголем ќе ми остане голот против Шкендија. Се играше пред многу навивачи, а многубројни беа и Комитите.

5. Прв почеток со фудбал?
– Првите копачки ги добив на мои 9 години. Професионален договор потпишав на 18.

6. Која е твојата мотивација?
– Фамилијата ми е најголема мотивација!

7. Кој е најоткачен од твојот тим?
– Филип Гачевски!

8. Најголема казна од клуб/тренер?
– Не сум добил казна до сега и се надевам дека нема да добијам.

9. Најголем лутко од екипата?
– Кико Тошевски :).

10. Најслатка победа / најгорчлив пораз?
– Победата против Академија Пандев во Струмица со 0:3, Поразот од Чешка во квалификациите за У19 ЕУРО.

11. Филм, серија или книга која би им ја препорачал на фановите?
– „The Alchemist“ и серијата „The Shooter“.

12. Што би променил во нашата македонска фудбалска лига?
– Би ги променил условите кои ги има низ државата, нормално, да бидат подобри за да се игра поквалитетен фудбал.

Интервјуто е позајмено од footbla.com.