Фудбал
Малдини: Јас сум најголемиот лузер во светскиот фудбал!
Паоло Малдини, паузата во првенството, во која мораше и самиот да се бори против коронавирусот, ја искористи и за потсетување на својата богата кариера.
Колекцијата со трофеи му е навистина импресивна, па така меѓу другите во својата витрина има пет медали од Лигата на шампионите и седум од Серија А. Сепак, Малдини себе си се смета за најголемиот губитник во историјата затоа што има изгубено доста финалиња и титули во последните моменти.
„Без разлика на сѐ, јас сум најголемиот лузер во историјата. Да, освоив многу трофеи, но истовремено загубив три финалиња во ЛШ, едно финале од европскиот Супер куп, три финалиња од Интерконтиненталниот куп и финалиња на Светско и Европско првенство“, изјави Малдини.
Се чини најтежок и најболен пораз му е оној од 2005 година кога во Истанбул против Ливерпул испуштија предност од убедливи 3:0.
„Всушност јас сум најголем губитник во историјата. Да, освоив многу, но изгубив три финалиња во Лигата на шампионите, едно финале од европскиот Супер куп, три финалиња од Интерконтиненталниот куп и финалиња на Светско и Европско првенство“, изјави Малдини.