Connect with us

Фудбал

Властите на Ливерпул истражуваат како натпреварот со Атлетико влијаел врз ширењето на коронавирусот

Градскиот совет на Ливерпул ќе испита како натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу англискиот клуб и Атлетико влијаеше на ширењето на коронавирусот.

– Здравствениот тим на градскиот совет на Ливерпул, заедно со партнерите од универзитетот во Ливерпул и универзитетот „Џон Мур“, се согласија да го испитаат влијанието на натпреварот врз ширењето на коронавирусот. Обемот на проектот во моментот се оценува, соопшти претставник на градскиот совет.

Истрагата ја овласти градоначалникот Џо Андерсон.

Натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите се играше во Ливерпул на 11 март, го посетија 52 илјади гледачи, меѓу кои и три илјади навивачи од Мадрид, каде во тоа време делумно беше воведен карантинскиот режим.