Connect with us

Фудбал

Челзи ги повика фудбалерите да се вратат во клубот до недела

До недела сите фудбалери на Челзи кои ја напуштиле Англија треба да се вратат. Вилијан, Емерсон Палмиери и Маркос Алонсо се фудбалерите кои си заминаа од Англија кога се појави пандемијата од коронавирусот. Клубот исто така соопшти дека биде толерантен кој играчите кои ќе доцнат поради комплицираните авио-врски низ светот. Ова најмногу е насочено кон Вилијан, кој е во својот роден Бразил и веќе подолго време на листа за чекање за лет надвор од државата.

Сите фудбалери кои ќе пристигнат во Англија ќе мора да бидат во задолжителен карантин од 14 дена пред да можат да почнат со тренинзи.

Сите 20 клубови од Премиерлигата утре ќе имаат видео-состанок на кој ќе се дискутира за евентуалното продолжување на сезоната на почетокот од месец јуни.