Connect with us

Фудбал

Мурињо: Само еднаш во кариерата имам плачено после пораз

Има еден пораз што го расплака и челичниот Жозе Мурињо, а неуспехот на Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн во 2012 година го фрли во очај Португалецот.

Мурињо од Лондон за „Марка“ помеѓу другото зборуваше и за сезоната 2011/2012 кога Реал ја победи Барселона во трката за титулата во Шпанија, но испадна од Баерн после изведувањето на пенали.

– За жал и тоа е фудбалот. Кристијано, Кака и Серхио Рамос. Зборуваме за тројца монструозни фудбалери, во тоа нема никаков сомнеж, но и тие се луѓе. Таа ноќ беше единствената во која плачев после еден пораз во мојата кариера. Добро се сеќавам. Со Аитор Каранка седевме во автомобилот пред мојата куќа и плачевме. Беше многу тешко, бидејќи таа сезона бевме убедливо најдобри, – открива Мурињо за „Марка“.