Фудбал
„Еден новозаразен и колапс – ако премиерлигата продолжи ризикот е голем“, вели поранешната докторка на Челзи
Поранешната докторка на Челси, Ева Карнеиро ги коментираше шпекулациите дека конкуренцијата во Премиерлигата би можела наскоро да продолжи.
По разделбата, таа отвори приватна ординација во центарот на Лондон поради несогласувањето со Мурино.
Таа заработи скоро два милиони фунти од својата работа во Челси, и продолжува да го привлекува вниманието на медиумите. Карнеиро смета дека ризикот од продолжување на сезоната е голем.
– Еден новозаразен и готово е. Само еден и ќе имаме колапс, тотален распад. Тие нема да играат, а нивните животи ќе бидат загрозени. Ризикот е огромен, и доколку Премиерлигата продолжи, тогаш клучот ќе биде масовното превентивно тестирање – рече Карнеиро.