Connect with us

Фудбал

Барселона се согласи: Пари и двајца играчи за Лаутаро Мартинез

Лаутаро Мартинез се доближува до потпишувањето за Барселона.

Барем така тврди весникот „Каталонски спорт“, во кој се вели дека Барселона се согласила да испрати двајца фудбалери и 60 милиони евра во Интер за аргентинскиот напаѓач.

Каталонците не можат да платат 111 милиони евра за Лаутаро. Беа побарани разни опции, а на крајот наводниот договор веќе беше постигнат со наведената цена.

Сепак, не е познато кои двајца фудбалери би тргнале по патот кон „Меаца“. Се претпоставува дека еден од нив е чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал, кој е голема желба на Интер, а меѓу кандидатите има неколку други имиња.

Тие се Иван Ракитиќ, Самуел Умтити, Нелсон Семедо или Карлес Алена, па меѓу нив ќе се бира кои двајца кои би го носеле дресот на Интер.

Лаутар се гледа на „Камп Ноу“ како идеална замена за уругвајската sвезда Луис Суарез, чие заминување од клубот е најавено веќе некое време.