Connect with us

Фудбал

Од Манчестер Сити јасни: Не добивме понуда од Баерн за Сане

Една од главните теми во трансфер светот во изминатите неколку дена е заминувањето на Лерој Сане од Манчестер Сити во Баерн.

Додека медиумите во Германија тврдат дека трансферот е практично готов, се чини дека ова е далеку од вистината.

Имено, откако беше објавено дека Баерн најпрво постигнал договор со Сане, а потоа му понудил доволно пари на Сити да го купи договорот, сепак од Сити негираа сè.

Од Сити велат дека не пристигнала никаква понуда од Баерн за Сане, и дека тие се подготвени да дозволат овој фудбалер да влезе во последната година од неговиот договор и да остане уште една сезона.

Од друга страна, од Баерн може да се види една сосема друга приказна, а тоа е дека е постигнат петгодишен договор со Сане, и дека остануваат некои формалности со Сити во врска со договорот.

Едно е сигурно, а тоа е дека во наредните недели сигурно ќе откриеме кој всушност ја кажа вистината, и каде ќе игра Сане следната сезона.