Фудбал
ВИДЕО: Се врати фудбалот во Кореја! 41-годишник го реши дербито
Премиерниот меч од новото првенство му припадна на домаќинот против Сувон, а мечот го реши Ли Донг-Гок. Корејскиот фудбалски шампионат официјално се врати на сцената со дуелот на Јеонбук и Сувон Блувингс, кој заврши со минимален триумф на домашните (1-0).
Мрежите на премиерата мируваа до 84-тата минута, кога репрезентативецот на Јужна Кореја Ли Донг-Гок со единствениот погодок на мечот го одлучи победникот.