Connect with us

Други спортови

Спортот полека ќе се враќа по корона кризата – прво индивидуалните, а потоа колективните спортови

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција најави дека од карантин наскоро ќе излезе и спортот. Според министерот, враќањето на спортот во државата ќе оди постепено.

„Дискутираме и на оваа тема, прво се размислува за дозвола за индивидуални спортови, но за времето и начинот ќе ве информираме по утрешните состаноци и на комисијата за заразни болести и на Владата на Р. Македонија“, изјави Филипче.

Ова значи дека први со свои активности ќе започнат спортистите во индивидуалните спортови, додека екипните спортови се чини дека уште некое време ќе останат во карантин.