Connect with us

Фудбал

Роналдо ја отвори душата – петмина заслужија, но никогаш не ја добија Златната топка

Бразилецот, која се пензионираше пред девет години, открил кој неговата ера требало, а не ја добил наградата за најдобар играч во светот.

„Би рекол дека има четворица играчи кои не ја освоија ‘Златната топка’ во кариерата, а дефинитивно ја заслужија. Тоа се Алесандро дел Пјеро, Паоло Малдини, Франческо Тоти и Раул Гонзалес. Тука би го додал и Роберто Карлос, кој два пати финишираше втор во изборот, веднаш зад мене“, изјави Роналдо, кој со Бразил во 2002 година го освои Светското првенство.

Бразилецот два пати ја освои „Златната топка“ во 1998 и 2002 година. Играше за екипи како ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и секогаш воодушевуваше со своите игри. Против себе исто така имаше големи играчи, а Роналдо вели дека неколку од нив дефинитивно заслужиле да ја освојат „Златната топка“ исто како него.