Connect with us

Фудбал

Несогласувања и бунт – три клуба се против да играат на неутрални терени

Вотфорд, Брајтон и Астон Вила јавно се спротивставија на предлогот преостанатите натпревари од сезоната да се играат на неутрални терени.

Шесте клуба од долниот дел на табелата се спротивставуваат на играњето на неутрални стадиони, сметајќи дека така ќе ја загубат предноста на домашен терен во трката за опстанок во лигата. Други извори од преостанатите 14 клуба велат дека се крајно исфрустрирани поради однесувањето на тие од дното. Постои чувство дека „тие поставуваат пречки, наместо да бараат решенија“.

„Нема друг избор. Ако сакаме да играме фудбал, тоа треба да биде на неутрални стадиони“– изјави неименуван извор од премиерлигашки клуб за весникот „Индепендент“.

За потсетување, сезоната во Премиер лигата принудно се прекина на 9 март поради пандемијата со вирусот Ковид-19, на девет кола до крајот. Ливерпул убедливо е на врвот со 82 бода, 25 повеќе од Манчестер сити, додека во борбата за опстанок се шест екипи, Брајтон, Вест хем, Ватфорд, Борнмут, Астон вила и Норвич.