Фудбал
Барселона купува во Русија?
Челниците на Барселона бараат ново решение во средниот ред.
Во последните неколку недели многу играчи се поврзуваа со каталонскиот клуб, а сега во јавноста се споменува и името на Алексеј Миранчук.
Миранчук е член на руската репрезентација кој бележи одлични игри оваа сезона во дресот на Локомотив Москва.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека не станува збор само за гласини, туку дека Ерик Абидал ја посетил Москва заради него и разговарал за трансфер, кој според неофицијални информации, не би бил помал од 15 милиони евра.
„Миранчук може да игра на неколку позиции во средниот ред. Тој се карактеризира со прецизни додавања и завидна техника и тоа е она што особено го цениме во Барселона“, пишуваат меѓу другото шпанските портали.
Јувентус исто така е заинтересиран за Миранчук, кој има постигнато девет гола и пет асистенции оваа сезона.