Фудбал
Рабио го напушта Јувентус поради неговата мајка
Мајката на Адириен Рабои, Вероника Рабио инсистира нејзиниот син кариерата да ја продолжи во Англија.
Според „Кориере дело спорт“, Играчот од средниот ред на Јувентус ќе ги напушти италијанските гиганти.
Французинот сè уште не пристигнал во Торино, иако менаџментот ги повика сите „легионери“ кои ја напуштија Италија за време на тешкиот период поради пандемијата од коронавирус.
Од медиумот објавија дека блискиот круг на Рабио верува дека тој треба да ги напушти „бјанконерите“ што е можно поскоро. Мајката на играчот од средниот ред, која исто така е негов агент – Вероника Рабио, сака нејзиниот син да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.
Г-ѓа Рабио верува дека Адриен ќе добие поголема плата во Англија отколку таа во Јувентус. Покрај тоа, во Торино, францускиот фудбалер не игра онолку колку што сака.