Connect with us

Фудбал

Не очекува фудбалски маратон – 35 дена по ред ќе има натпревари!

Поради пандемијата на коронавирус сите фудбалски натпревари беа откажани, но претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас, е оптимист дека сезоната успешно ќе се заврши.

„Ќе има фудбал во 35 дена по ред. Кога ќе се вратиме на фудбалот, ќе поминат 35 дена кои ќе бидат исполнети со фудбал. Ако се придржуваме до санитарните прописи, мислам дека нема да има никакви проблеми. Никој не знае точно кога ќе почнеме, зависи од ситуацијата затоа што вирусот и понатаму е присутен. Ако е можно, ќе почнеме на 12 јуни“, вели Тебас, кој додаде дека на трибините сигурно нема да има навивачи.

Ла Лига ќе продолжи во петок на 12 јуни, а првиот меч по долгата пауза по се изгледа ќе биде градското дерби меѓу Севиља и Бетис.