Connect with us

Фудбал

Интер се согласи, Артуро Видал ќе биде вклучен во трансферот на Лаутаро Мартинез

Преговорите за трансферот на Лаутаро Мартинез се ближат кон крајот и се чини дека конечниот договор меѓу Интер и Барселона е на повидок.

Во вторникот, каталонски „Спорт“ објави дека Барселона остварила значителен напредок во обидот да го донесе аргентинскиот напаѓач, бидејќи Интер конечно го прифатил „пакетот“ заедн со пари што го добиваат од Каталонија.

„Интер го прифати Артуро Видал како дел од трансферот“, пишува Спорт, во кој се наведува дека Видал ќе биде еден од двајцата играчи кои ќе патуваат во Милано, а другиот треба да биде или Нелсон Семедо или Емерсон, кој е на позајмица во Бетис.

Покрај играчите, Барселона ќе плати на Интер и 60 милиони евра за Лаутаро, а ние ве потсетуваме дека од почетокот Интер инсистираше исклучиво на 111 милиони, колку што стои во клаузула за раскинување на договорот меѓу Интер и Мартинез.

Тој оваа сезона одигра вкупно 31 натпревар во Серија А и постигна 16 голови, а Барселона го гледа како наследник на искусниот Уругваец Луис Суарез. Во меѓувреме, Барселона се обидува да донесе уште една sвезда од Серија А, а станува збор за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ.

Наводно, падна договор меѓу Барса и Пјаниќ, но Јувентус сè уште се прашува за сè.