Други спортови
СВЕДОШТВО: „Сите плачевме кога Ѓоковиќ одлучи да стави крај на кариерата“, вели Јелена
Новак Ѓоковиќ бил во пензија вкупно десет дена, но во тој период, Јелена успеала да го предомисли и да го врати на патеките кои одново го направија светски рекет број еден.
Најдобриот светски рекет во моментов Новак Ѓоковиќ пред две години бил пред голема одлука да стави крај на тениската кариера и да се посвети на други работи во животот.
„По поразите во Индијан Велс и Мајами, не собра сите и не порача дека става крај на кариерата. Му кажа на својот близок соработник да разговара со спонзорите, сакаше да биде фер кон сите. Сите бевме шокирани и плачевме, му рековме дека не е момент за таква одлука. После тоа, отидовме на одмор, а кога тој ќе одлучи дека не игра тенис, тоа всушност треба да значи и дека не сака да гледа. Јас го засакав тенисот, играм и ги водев децата на терен. Третиот или четвртиот ден, Новак ни се приклучи и гледаше како се забавуваме јас и Стефан. Гледаше како уживавме и побара рекет. Не му дозволив, му кажав дека заврши со тенисот. Си поигрував со него, но Стефан го поивика и разменија удари. После тоа доаѓаше секој ден и десеттиот ден одлучи да му се јави на Вајда за повторно да му биде тренер. Можам да кажам дека десет дена беше во пензија, се чувствуваше испразнет. Но, тој е како феникс, мораше комплетно да се урне, за да изгради нова зграда“, сведочи Јелена.