Connect with us

Фудбал

Каков татко, таков син: Кристијано Јуниор „доминираше“ со нова фризура

Кристијано Роналдо се пофали со нова фризура пред неколку дена.

Имено, неговата избраничка Георгина Родригез реши да го спреми ЦР за враќање на тренинзите. Таа исплети плетенка, а Роналдо на фановите на Инстаграм ја покажа новата фризура.

Сепак, неговиот син Кристијано Јуниор денес беше во центарот на вниманието. Јасно е дека тој сака да копира сè што прави неговиот татко, и тоа го стори и овој пат.

Тој побара и од Горгина да направи плете плетенки за него, што таа со задоволство прифати. Тие објавија семејна фотографија, а Кристијано Јуниор беше оној кој се најде во центарот на вниманието заради неговата фризура.