Фудбал
Давид Луиз го напушта Арсенал, позната неговата следна дестинација?
Давид Луиз пристигна во Арсенал од Челзи и се очекуваше да донесе смиреност и безбедност во одбраната на овој тим.
Тој, барем според мислењето на голем број фанови, не го донесе тоа, но дури направи и голем број грешки.
Неговиот договор со Арсенал истекува следното лето, а тој потоа ќе стане слободен агент затоа што Арсенал нема да го продолжи договорот.
Така, Луис веќе започна да бара нов клуб, а се чини дека тој ќе ја продолжи кариерата во Португалија затоа што Бенфика е заинтересирана за него.
Во Бенфика, тие веруваат дека Луис има доволно искуство за да им помогне да се борат на сите фронтови и дека тој би бил одлично засилување.