Connect with us

Други спортови

Некогаш и денес: Јордан Велевски-Орце, автомобилист во национална класа: адреналин, победи, неправди, разочарувања…

Спортист од 13 години, прво фудбалер, по повредата  “автомобилски тркач“…

-Од секогаш бев спортист. На 8 години започнав да возам трактор, на нашиот кираџија кој беше во ЗИК “Пелагонија“. Дома идеше со тракторот, уморен цел ден по сонцето заспиваше, а јас му го “крадев“ тракторот, го “палев“ со шајка и возев низ “Ушици“ и Баирот. Но, мој прв спорт беше фудбалот. Тренирав фудбал, а од 14 години почнав да играм со туѓа легитимација документи за Југ, во “потсојуз“, против Пелагонија прво полувреме во 1963 година. Потоа преминав во Пелистер, а во 1969 играв за Инкоп, 70 и 71 за Пелистер и по тешката повреда морав да прекинам со фудбал. Следуваше неуспешна операција на коленото, а од 1973 до 1977 година, се враќав во нормала, по многу болки, напорни вежби и санација на повредата. Потоа започнав со автомобизмот.

Целото интервју читајте го на Bitolanews.mk