Connect with us

Фудбал

Лекарите на Јувентус открија дека Кристијано Роналдо ги шокираше на новото тестирање

Сезоната во Италија продолжува за две недели, а клубовите се подготвуваат со полна пареа.

Јувентус беше една од првите екипи што реши да се врати во тренинг центарот по пауза од два месеци. Играчите конечно можат да тренираат во групи, па јасно е дека многу мотивирани се во „Старата дама“.

Клубот од Торино очекува борба за Скудетото до крајот на сезоната, но и Лигата на шампионите, што се чини дека е приоритет за овој клуб.

„Tuttosport“ пишува дека фудбалерите на Јувентус се многу мотивирани да ја продолжат сезоната, а тоа особено се однесува на Кристијано Роналдо. Тој целосно ги шокираше сите со својата форма кога се врати по двомесечна пауза.

Според „Tuttosport“, овој 35-годишник покажал неверојатен напредок во тестовите на сила и дека ги подобрил почетната брзина и издржливост. Тој успеа да го стори сето ова иако тренираше дома, во изолација.

Неговата неуморна работа се исплатеше затоа што лекарите на Јувентус тврдат дека тој е повеќе физички способен отколку што беше случајот во март кога сезоната беше прекината.