Connect with us

Фудбал

Договорот на Буфон истекува за неколку недели, Јувентус веќе донесе одлука

Џанлуиџи Буфон (42) е во големата група на фудбалери чиј договор ќе истече на крајот на јуни.

Според познатиот „Sky Sport“, Буфон ќе игра професионален фудбал барем уште една година затоа што за него е подготвен нов договор.

Легендарниот италијански голман наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со „Старата дама“, па неговото потпишување е само прашање на формалност.

Ова значи дека играчката кариера на Буфон ќе трае 23 години, бидејќи своето деби го направи на голот на Парма во 1995 година, кога немаше ни 18 години.

Со тоа што Јувентус не е исфрлен од Лигата на шампионите и реваншот од 1/8 финалето против Лион во август, Буфон ќе има барем уште две шанси да го освои посакуваниот трофеј по поразите фо финале во 2003, 2015 и 2017 година.

Покрај Јувентус и Парма, Буфон исто така бранеше една сезона за ПСЖ. Тој го задржа голот на италијанската репрезентација скоро две децении. Со Италија во 2006 година, тој беше светски шампион.