Connect with us

Други спортови

Надал: Не ми се допаѓа, ништо не може да ја замени енергијата што ја создава публиката

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека не му се допаѓа тоа што „Ролан Гарос“ оваа есен ќе се игра без присуство на публика.

„Денес мора да преземеме мерки на претпазливост и да сториме сé за да ја обезбедиме безбедноста и здравјето на целата тениска заедница. Мислам дека за иднината, не од гледна точка на тенисот, туку од гледна точка на медицината и строго почитување на санитарните стандарди во ред е да нема публика. Во фудбалот, оваа практика е веќе воведена, но не сакам да гледам натпревари без гледачи. Без навивачите, сè е различно и ништо не може да ја замени енергијата што ја создаваат тие“, изјави Надал.

Шпанецот е 19-кратен освојувач на Грен-слем турнирите.