Connect with us

Фудбал

Во Барселона можат да воздивнат сите: „Нема шанси да заминам од клубот“

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген не планира да ја напушти Барселона.

Неодамна се појавија гласини дека преговорите меѓу Барселона и Тер Штеген се прекинати затоа што Германецот „премногу бара“, но тој сега тврди дека преговорите прекинаа единствено заради пандемијата на коронавирусот, а не затоа што тој сака повеќе пари.

Отпрвин, кога пристигна од Борусија М’гладбах, Тер Штеген претежно беше замена за Клаудијо Браво, но во клубот знаеја за неговиот потенцијал, а тој самиот трпеливо чекаше на својата шанса. Кога ја доби, тој стана незаменлив член на тимот.

„Нема шанси да заминам ова лето“, изјави Тер Штеген за „ДАНЗ“, додавајќи:

„Мојот менаџер и клубот се состанаа да го продолжат договорот, но тогаш се случи ова со коронавирусот и не беше вистинското време да разговараме за договорот. Во време кога многумина се загрижени за животот, решивме да ги одложиме разговорите. Се чувствувам добро во Барселона, тоа исто така се должи на фактот дека моето семејство се чувствува добро“, додаде германскиот голман.