Connect with us

Фудбал

„Болно е да се игра без навивачи“

Дефанзивецот на Барселона, Клеман Ленгле се надева дека навивачите ќе се вратат на трибините што е можно поскоро.

Дефанзивецот на Барселона, Клеман Ленгле вели дека е болно тоа што фудбалот ќе се игра некое време без гледачи.

Најсилните европски лиги ќе се вратат во наредните недели, но трибините ќе бидат празни.

Оваа одлука е донесена за одржување на здравјето и спречување на ширење на пандемија на коронавирус.

Сепак, францускиот дефанзивец се надева дека навивачите ќе се вратат на трибините што е можно поскоро.

„Недостатокот на навивачи не е позитивна работа за никого. Ние играчите сакаме да играме пред нашата публика. Не е забавно да се игра на празен стадион. Ќе биде навистина тешко и болно. Но, тоа мора да го прифатиме. Се надеваме дека луѓето можат брзо да се вратат на „Камп Ноу“ и на сите други стадиони “, изјави Ленгле за ТВ Мовистар.

Сезоната во Ла Лига ќе се врати на 11 јуни.