Фудбал
Кристијано Роналдо секој пат пристигнува четири часа порано на тренинзите во Јувентус
Кристијано Роналдо неодамна го прослави својот 35-ти роденден, но тој сè уште е во неверојатна форма.
Роналдо и Лионел Меси доминираат на фудбалската сцена повеќе од една деценија, но импресивно е што се уште се гладни за успех. Но Кристијано е посебен случај затоа што тој сака да биде подобар од ден на ден.
После тримесечна пауза, фудбалот во Италија конечно продолжува, а се чини дека Роналдо никогаш не бил поподготвен. Тој е крајно мотивиран да ја донесе титулата во Лигата на шампионите во Јувентус оваа сезона, што со години беше сон на овој клуб.
Колку е мотивиран пред продолжението на сезоната, најдобро го покажува фактот дека тој работи двојно повеќе од неговите соиграчи. Италијанските медиуми пишуваат дека Роналдо пристигнува четири часа порано на тренинзи од другите играчи на Јувентус.
Португалецот го користи тоа време за да тренира во теретана и да направи неколку специјални вежби на теренот. Кога ќе пристигнат сите играчи, тогаш прави тренинг со нив, без индикации дека тој напорно работеше четири часа пред тоа.
И за време на карантинот, Роналдо работеше со полна пареа напред, како што изјавија лекарите на Јувентус, кои беа изненадени од неговата форма кога се врати на лекарски прегледи во клубот.