Connect with us

Фудбал

Се повеќе и повеќе опции за финалето на ЛШ

Доколку Истанбул и официјално испадне како место за финале во Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020, на УЕФА нема да му недостасуваат алтернативни опции.

Конечната одлука за форматот за финишот од сезоната во Лигата на шампионите и местото на финалето се очекува на 17 јуни по состанокот на Извршниот комитет на УЕФА.

Годинашното финале требаше да се игра во Истанбул, но има се помалку и помалку шанси тоа да се случи.

Пандемијата на коронавирус ги уништи сите планови во светот на фудбалот, а сега се повеќе е сигурно дека турската престолнина не сака да го организира финалето, со оглед на средствата потребни за еден ваков настан, а кои ќе биде тешко да ги поврати како резултат на ограничувањата на публиката во стадион.

Идејата што веќе некое време се разгледува е дека финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се игра во август, а не е исклучена можноста за организирање на „Фајнал-фор“ турнири во една земја, така што екипите ќе патуваат што е можно помалку.

Денес „Асошиејтед Прес“ ја донесува приказната за можните алтернативи за Турција и Истанбул. Лисабон е споменат претходно, но сега Минхен и Џенева се приклучија на приказната. Германскиот „Билд“, од друга страна, пишува за Франкфурт како можна локација за „Фајнал-фор“, а со тоа и за финалето во Лигата на шампионите.