Connect with us

Фудбал

Збогум Ливерпул, Челзи ја плати клаузулата на Вернер?

Тимо Вернер го „предава“ Ливерпул и реши да му се приклучи на Челзи. Лондонскиот клуб се согласи да ја плати клаузулата за заминување (скоро 60 милиони евра) што германскиот напаѓач ја има во договорот потпишан со Лајпциг.

Самиот фудбалер ќе добие огромна плата од 180.000 неделно.

Лондонскиот клуб ја победи конкуренцијата, Ливерпул, која поради финансиската криза предизвикана од КОВИД-19 му најави на Лајпциг дека не е подготвен да ја плати клаузулата.

Всушност, клаузулата важи до 15 јуни, но од она што го објави „BILD“, иако Ливерпул беше апсолутен фаворит за обезбедување на услугите на играчот, тој ќе заврши со лондонскиот клуб.

Менаџерот на напаѓачот, Карлејнц ​​Форстер, се подразбира дека направи напредни дискусии во четвртокот и деталите за договорот се очекува да бидат разјаснети до почетокот на следната недела.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го повика Вернер пред неколку месеци, но според „BILD“, „црвените“ се откажаа и Вернер ќе заврши во Челзи.